Бектеши најавува намалување на цените: Од утре производителите на прехранбени производи треба да им понудат намалени цени на маркетите
Министерот за економија Крешник Бектеши очекува од утре да почне намалувањето на цените на одредени прехранбени производи поради одлуката на Владата со која производителите на храна ќе добијат субвенционирана цена за електричната енергија.
Бектеши вечерва на гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 појасни дека од утре производителите на прехранбени производи ќе треба да им понудат на маркетите нови намалени цени, но дека треба да се има предвид и фактот дека маркетите имаат залихи од претходно.
– Одредени маркети имаат залихи од претходно. Од утре треба да почне намалувањето на цените. Производителите на прехранбени производи од утре ќе почнат да им нудат на маркетите нови цени кои се намалени согласно одлуките за субвенционирана електрична енергија, рече Бектеши.
Најавува и засилени контроли од страна на Пазарниот инспекторат, а ги повика и граѓаните доколку забележат злоупотреби кај трговците, да ги пријават.
Во однос на топлинската енергија, Бектеши соопшти дека се обезбедени доволно количини на природен гас за топланите и дека граѓаните до крајот на грејната сезона ќе бидат во континуитет снабдении со парно греење
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново зголемување на цените на горивата од…
Од Регулаторната комисија за енергетика денеска објавија…
Дурмиши: Цените на основните прехранбени производи не…
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши…
Нови цени на горивата од полноќ!
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Смртоносна бактерија откриена во уште еден прехранбен…
Прехранбен производ е итно повлечен од продажба…
Ново поскапување на горивата од полноќ!
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…