Ивановски го декласира Италијанецот Бондиоли
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжи со одличните настапи на турнирот во Мадрид, па така денеска славеше со убедливи 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4 против Италијанецот Федерико Бондиоли.
Бондиоли го нападна македонскиот тенисер и изврши притисок уште на стартот, но сепак Ивановски успешно одбрани една брејк-шанса (2-1), по што му го одзема сервисот на ривалот за 4-2. Италијанецот влезе во серија од грешки по брејкот и не можеше да се соземе, па македонскиот тенисер стигна до 6-3.
Почетокот на вториот сет беше идентичен на првиот со тоа што Бондиоли не искористи три-брејк топки, а потоа стигна казната во петтиот гем кога Ивановски направи брејк за 3-2 и до крајот го зачува водството за да слави со 6-4.
Ивановски во четвртфинале ќе игра против Алан Фернандо Рубио Фиерос, кој направи изненадување и го елиминира првиот носител на турнирот Адриа Сориено Барера во претходното коло во Мадрид.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…