Провокација за Пикси: Русија убива невини луѓе, дали го поддржувате тоа?
На прес-конференцијата на Србија пред мечот со Србија се случи мал скандал поради полскиот новинар Дариуш Фарон, кој ја искористи можност да вмеша политика во спортот и се обиде да го испровоцира селекторот на нашиот северен сосед, Драган Стојковиќ – Пикси.
Србија в петок од 20 часот ќе се бори против Швајцарија за место во осминафинале на Мундијалот, а Полјакот ја искористи можноста и ги осуди српските навивачи.
„Моето прашање е поврзано со српските навивачи кои ја поддржуваат Русија. Знаеме дека Русија убива невини луѓе во Украина, дали се сложувате со тоа дека е срамота и кое е вашето мислење, дали и вие ја поддржувате Русија?“, праша новинарот.
На ова реагираше портпаролот на српската репрезентација, Мики Вуковиќ кој ја прекина провокацијата на Полјакот и кажа дека тоа прашање нема да биде одговорено од селекторот.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…