Борел: Русија треба да ја финансира обновата на Украина
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел денеска изјави дека заедно со своите партнери од ОБСЕ, на собирот во полскиот град Лоѓ, ќе ги разгледуваат „сите правни опции“ да се принуди Русија да плати за уништувањето во Украина.
Тој појасни дека се запленети речиси 20 милијарди евра од олигарси и поединци кои ја поддржуваат Русија и се контролираат околу 300 милијарди финансиски средства на Руската централна банка.
„Тие пари треба да се искористат за обнова на Украина“, инсистираше тој на министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ, организацијата составена од 57 држави меѓу кои и Русија и Украина.
Полска, која е ротирачки претседавач со ОБСЕ, одби да му дозволи влез на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, одлука која Москва ја нарече провокативна. Русија во Лоѓ ја претставува нејзиниот амбасадор во ОБСЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Нападнат Петар Маѓар: Му истурија вино…
Унгарскиот премиер Петер Маѓар доживеал непријатност за…
Ѓорѓиевски: Фатено лице како создава дива депонија,…
Инспекторите на Град Скопје доцна синоќа затекнале…
Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
На 19.09.2026 во 10:45 часот во ОВР…
Вучиќ: На 27 септември поднесувам оставка од…
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека по…
Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји
Две години работа, две години резултати, една…