Вулин директор на БИА

t

За директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА) денеска е именуван Александар Вулин, поранешен министер за полиција, јави дописникот на МИА од Белград.

Оваа позиција остана испразнета кога на чело на Министерството за внатрешни работи беше избран Братислав Гашиќ.

Вулин е избран за директор на БИА на седница на Владата на Србија, а претходните две години ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи.

Вулин е поранешен министер за одбрана, министер за труд и социјала, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија и пратеник во Собранието. Кон крајот на деведесеттите години на минатиот век бил функционер на југословенската левица (ЈУЛ) на Мира Милошевиќ, сопруга на Слободан Милошевиќ.

Во неговата биографија пишува дека тој прв јавно го употребил терминот „српски свет“, поради што се смета за негов творец.

Во јавноста е познат и по изјавата дека од тетка му од Канада добил пари за да купи стан во Белград.

Претседателот на СНС, Александар Вучиќ, не го прочита името на Вулин кога ги објави имињата на новите министри и не му се заблагодари за „досегашната соработка“, што ги подгреа претходните шпекулации дека поранешниот министер на полицијата ја чека функцијата директор на БИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…

ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…

Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…

Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…

Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…

Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…

Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…

Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…

На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…