Објавено на:

Се урна борбен авион во Русија!

t

Борбен авион МиГ-31 се урна во Приморскиот крај во југоисточна Русија, а екипажот се катапултираше, соопштија од службите за итни случаи, пренесува ТАСС.

Пилотите се катапултирале, соопштија од итните служби, пренесуваат медиумите.

„Ловец-пресретнувач МиГ-31 падна во шумата на десет километри од градот Алексеевка во областа Надежински“, изјави нашиот извор за медиумите.

Се проверува состојбата на пилотот.

Според првичните податоци, нема жртви во падот на леталото.

Информацијата ја потврди прес-службата на Источниот воен округ.

Како што е прецизирано, авионот се урнал за време на планиран пробен лет.

„Летот беше изведен без боев комплет. Авионот паднал на ненаселено место, на земја не е причинета материјална штета. Според првичните информации, несреќата можела да биде предизвикана од технички дефект“, се наведува во соопштението.

На местото на настанот се испратени спасувачки хеликоптери Ми-8.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

Киев продира стотици километри во руската територија,…

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…