Финската премиерка: Европа не е доволно силна за сама да се справи со Русија – Ќе бевме во неволја без САД

t

Финската премиерка, Сана Марин, денеска во Сиднеј изјави дека Европа „не е доволно силна” сама да и се спротивстави на Москва.

Премиерката на Финска, земја-кандидат за членство во НАТО, при посетата на Австралија истакна дека руската инвазија на Украина ги открила слабостите и стратешките грешки на Европа во однос на Москва.

„Морам да бидам многу искрена со вас, Европа не е доволно силна во моментов, ќе бевме во неволја без САД”, рече Марин која додаде дека на Украина мора да и се помогне „со сите средства”.

Марин посочи дека САД одиграле централна улога во снабдувањето на Киев со оружје, финансиски ресурси и хуманитарна помош неопходни за да се запре напредувањето на Русија.

„Европа веќе долго време гради стратегија кон Русија за да ги зајакне економските врски, со купување енергија од Русија…мислевме дека тоа ќе ја спречи војната”, но се покажа дека таквиот пристап е „целосно погрешен”, рече премиерката на Финска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада воведува нови царини за американските производи

Канада од 8 септември ќе воведе царини…

Американски воен транспортен авион слета во Москва,…

Американски воен транспортен авион утрово слетал на…

Иран со закана за земјите кои ќе…

Иран се закани со одмазда против секоја…

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…