ЕУ: Пет години затвор или 5% од вкупниот приход за кршење на санкциите кон трета земја

t

Европска комисија објави предлог директива, според која кршењето, заобиколувањето или ограничувањето на санкциите кон трета земја би се сметало за казниво дело во сите земји-членки на Европска унија.

ЕК предлага серија заеднички правила што треба да ја олеснат истрагата, гонењето и казнувањето на прекршувањата на рестриктивните мерки во сите земји-членки.

Ова значи дека заобиколувањето или обидот да се заобиколат рестриктивните мерки со прикривање имот или прикривање на фактот дека некое лице е крајниот сопственик на имотот ќе стане кривично дело. Во зависност од кривичното дело, лицето би можело да се казни со максимална затворска казна над пет години, а компаниите би можеле да подлежат на санкции во висина од најмалку пет отсто од вкупниот промет на светско ниво, наведе ЕК.

Според ЕК од клучно значење е целосно да се спроведат рестриктивните мерки на ЕУ и да се казни прекршувањето на тие мерки додека продолжува руската агресија врз Украина.

Спроведувањето на рестриктивните мерки е предизвик, бидејќи не е лесно да се одредат имотите на руските олигарси, што се скриени во различни јурисдикции, благодарение на сложените правни и финансиски структури. Предложената директива ќе ги затвори постоечките правни дупки и ќе го зголеми застрашувачкиот ефект на кршење на санкциите на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…