(Видео) СДС и ДПМНЕ не го осудија насилството врз советник во Аеродром: Муцунски се крие зад празни флоскули!

t

Советникот од редовите на Левица во Општина Аеродром, Горан Костовски, денеска на прес-конференција истакна дека никој од советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска не поддржале изгласување на осуда за насилството на нивен колега советник од страна на локален шериф, сопственик на кафичот “Хелиум”.

Во продолжение прес-конференцијата на Костовски:

Почитувана јавност,

Сите знаете дека се случи немил настан, насилство врз наш колега советник од страна на локални шерифи тука во Аеродром и Ново Лисиче кои ги малтретираат жителите со помош на големите две партии, СДС и ДПМНЕ кои ги покриваат нивните криминали.

Сега бевме сведоци на советот дека беше одбиена да се изгласа осуда за насилството врз нашиот советник.

Градоначалникот Тимчо Муцунски се криеше зад флоскули како тој секогаш осудувал насилство, било каде да се случило во светот, мислиш ќе го бираме за мис на светот.

Ние, советничката група на Левица ја напушти седницата на Советот, бидејќи ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ не сакаа да ја стават на дневен ред точката за осуда на насилството врз наш советник, поготово пто тоа насилство учестувал и вработен во општината, кој е поранешен шеф на кабинет на поранешниот градоналаник Марин, а кој очигледно сега се ујдисал и со новиот градоначалник кој сега го заштитува, истакна Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром

На 14.06.2025 година во 19.50  часот во…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…