КОВАЧЕВСКИ: Чекориме по патот кон ЕУ ама корупцијата не кочи, се согласувам со амбасадорката Агелер со која вчера имав состанок

t

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Влада, осврнувајќи се на изјавата на американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, дека иако чекориме на патот кон Европската Унија, корупцијата го кочи напредокот на Северна Македонија, рече дека апсолутно се согласува со неа.

– Вчера имав состанок со неа и со потсекретарот на САД за борба против тероризам и перење пари, на којшто разговаравме во однос на теми поврзани со надлежностите на МФ на САД и посебно на овој потсекретар. Во тој дел ќе следуваат заеднички активности, рече Ковачевски.

Тој, во делот на борбата против корупцијата и владеењето на правото, потсети на поделените надлежности, а тоа е дека Владата треба во рамки на своите надлежности да овозможи независно функцонирање на судството и на Обвинителството во дражвата.

– И ние тоа го правиме. До колку го погледнете и овој буџет ќе видите дека нема никакви намалувања, иако сме во криза, во делот на финансирањето на судството. Тие треба да работат како независен сопствен буџет, како што е согласно со закон. Во однос на заложбите на Владата, јас асполутно ги поттикнувам сите коишто се соочиле со одредени криминални, коруптивни пракси, веднаш да ги пријават кај сите надлежни институиции коишто се задолжени за тоа и да одлучуваат судските и обвинителските органи нормално во согласност со закон во рамки на своите надлежности, нагласи претседателот на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…