Зечевиќ: Вредностите на НОБ и АСНОМ се длабоко втемелени во СДСМ

t

На вредностите на НОБ и АСНОМ почива македонската социјалдемократија, тие вредности се длабоко втемелени во СДСМ и тие се наша водилка за иднината, порача денеска генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на состанок со членови и симпатизери на партијата во Дебарца.

-Нашите предци, нашите херои од НОБ со својот живот и со своето херојско дело се вградија во создавањето слободна македонска држава. Славна Дебарца најдобро знае што значи таа саможртва за татковината, за подобро утре на следните генерации. Овде слободарскиот оган силно се разгоре, за време на НОБ беа создадени првите партизански единици, беше првата слободна територија. Нивниот аманет ние, македонските социјалдемократи го исполнуваме. Вредностите на НОБ и АСНОМ се втемелени во политиката на СДСМ и тие се наша водилка за иднината.

Борбата на сегашните македонски генерации е  интеграција на нашиот уникатен македонски интегритет во европскиот. Да ја направиме нацијата силна, да се обединиме и да ги интегрираме нашите суштински македонски обележја:  јазикот, историјата, културата во времето што доаѓа.  Тоа е наша вредност и политика, суштинска интеграција во Унијата за подобар живот со почитувањето на сите обележја што го прават Македонецот тоа шти бил низ историјата, тоа што е денеска и тоа што ќе биде во иднина, рече Зечевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…