Објавено на:

Зеленски не е задоволен од максималната цена на руската нафта предложена од ЕУ: Сосема погодно за терористите!

t

Европската унија, Г-7 и Австралија се договорија за плафон од 60 долари за барел руска сурова нафта, јавуваат светските агенции. Ограничувањето на цената ќе стапи на сила на 5 декември. Членките на Европската унија вчера го надминаа отпорот на Полска и постигнаа политички договор.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека прифаќањето ограничување на руската сурова нафта што се транспортира по морски пат по цена од 60 долари за барел не е сериозна одлука, пренесе АФП.

„Не е сериозна одлука да се постави таков плафон на руските цени, што е сосема погодно за буџетот на терористичката држава“, рече тој, според прес-службата на претседателството. Цената на барел руска сурова нафта се движи околу 65 долари за барел, што е малку над европскиот плафон, што зборува за ограничениот ефект на мерката на краток рок.

„Г7 и сите земји-членки донесоа одлука што ќе ги погоди приходите на Русија уште повеќе и ќе ја намали нејзината способност да води војна во Украина“, се вели во соопштението на претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен.

Полскиот амбасадор во ЕУ, Анджеј Садос, рече дека Полска го поддржува договорот со ЕУ, кој вклучува механизам за задржување на плафонот на цената на нафтата најмалку 5 отсто под пазарната стапка.

Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, плафонот на цените значително ќе го намали приходот на Русија.

„Сега анализираме. Нема да го прифатиме овој плафон, но ќе објавиме како ќе се организира работата по анализата што ќе ја направиме“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој рече и дека Русија се подготвува за таква одлука. „Руските ограничувања на цената на нафтата поставени од САД и нивните партнери ефикасно ги ставаат крај на основните принципи на слободните пазари, што доведува до поголема несигурност и повисоки цени за потрошувачите“, се вели во претходно објавениот коментар на руската амбасада во САД, цитиран од ТАСС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Голем пад на цените на нафтата на…

Цените на нафтата паднаа под 76 долари…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…