Објавено на:

А да им беа нашите политичари?! Гана бара репрезентативец да биде прогласен за предавник поради размена на дрес!

t

Ривалството меѓу репрезентации како Уругвај и Гана е мотивирано од случувањата пред дванаесет години, а фановите на африканската репрезентација вчера славеа бидејќи не му дозволија на противникот да избори пласман во осминафиналето.

Намерното играње со рака на Луис Суарез на мундијалот во 2010 година беше надополнето со промашен пенал од страна на Гијан, а тие моменти никогаш не беа заборавени кај фановите на Гана, кои добија можност барем половично да им се одмаздат на Суарез и неговите колеги.

За тоа колку им пречи Уругвај, фановите на Гана покажуваат и со навредите упатени на сметка на нивниот репрезентативец Томас Парти.

Фудбалерот на Арсенал беше фотографиран како прави размена на дресот со Суарез, а тој потег ги налути неговите сонародници, кои експресно го прогласија за предавник и бараат негово исфрлување од националниот тим.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Половина тон кокаин бил спакуван во пакети…

Двајца државјани на Црна Гора се меѓу…

А да им беа нашите политичари?! Гана…

Ривалството меѓу репрезентации како Уругвај и Гана…