Четворица полицајци суспендирани заради случајот со застреланата трудница во Косово

t

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља денеска изјави дека четворица полицајци се суспендирани по препорака на Косовскиот полициски инспекторат (ПИК) во врска со случајот со убиството на трудницата Хамиде Магаши.

Четворица полицајци се осомничени за злоупотреба на службената положба и фалсификување службени исправи, напиша Свечља на Фејсбук.

Свечља додаде дека ПИК препорачал суспензија на четворица полицајци од Полициската станица во Липљан, додека Регионалната дирекција на Приштина ја спроведе оваа препорака.

Според приштинските медиуми, станува збор за командирот на Полициската станица во Липљан, наредникот во оваа станица и уште двајца припадници на полицијата.

„Досегашните наоди ќе бидат проследени до обвинителството за да се спроведе истрага за можно кривично дело“, напиша Свечља на Фејсбук.

Хамиде Магаши (35) беше убиена од нејзиниот сопруг во средата во дворот на Гинеколошката клиника во Приштина, а по нападот се самоубил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…