Американската амбасада во Тирана со предупредување до своите граѓани!

t

Американската амбасада во Тирана упати предупредување до своите граѓани да бидат внимателни на 6 декември, кога во албанскиот главен град се одржува Самитот ЕУ-Западен Балкан, а опозицијата најави протест.

Во објавата на веб-страницата на Амбасадата се наведува дека поради преземените мерки за поддршка на самитот ЕУ-Западен Балкан, во Тирана во вторник, се очекува затворање на патиштата и пренасочување на сообраќајот во текот на целиот ден во центарот на главниот град и на обиколниците.

Амбасадата, се додава, е запозната дека може да има протести во центарот на Тирана, кои имаат потенцијал да се прелеат на околните улици предизвикувајќи сообраќаен метеж, пренасочување и дополнително затворање на патиштата.

– На граѓаните на САД им се препорачува да избегнуваат големи собири. Иако многу масовни настани се одвиваат мирно, некои ситуации можат брзо и непредвидливо да се променат. Следете ги локалните медиуми и упатствата на локалните органи за спроведување на законот за најновите информации, се наведува во соопштението на американската дипломатска мисија во Тирана.

Во албанската метропола на 6 декември, кога се одржува Самитот ЕУ-Западен Балкан, опозицијата предводена од Сали Бериша и Илир Мета најавија масовен антивладин протест пред Владата на плоштадот „Народни херои”.

Полицијата не даде дозвола за протест на плоштадот „Народни херои” туку на плоштадот „Скендербег”, на што опозицијата досега нема одговор. Претходно категорично тврдеше дека протест ќе има единствено пред владата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Македонската амбасада во Тирана објави телефонски броеви…

Пред почетокот на главната туристичка сезона во…

По Призрен, Али Ахмети прогласен за почесен…

Советот на општина Тирана на денешната седница…

Блинкен го повика Хамас да го прифати…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го…

Во САД уапсена претседателската кандидатка Џил Стајн

Кандидатот на Партијата на зелените за претседател…