УЈП во октомври потрошила 28 проценти помалку струја во споредба со истиот месец лани

t

Управата за јавни приходи (УЈП) во октомври, потроши за 28 проценти помалку електрична енергија во споредба со истиот месец лани, дури 53 проценти помалку струја во септември оваа година, во споредба со септември лани.

Управата за јавни приходи низ целата држава, функционира  со вкупно 34 организациони единици и следејќи ги препораките на Владата, соопштија денеска од УЈП, ја оствари оваа заштеда на електрична енергија.

– Податоците потврдуваат дека УЈП, како вископрофесионална институција, заедно со нејзините вработени, целосно ги почитуваат и применуваат владините препораки за домаќинско и одговорно однесување кон потрошувачката на електричната енергија, со што придонесуваат да не се нарушува сервисната функција на институцијата. Таквата пракса ќе продолжи и во следниот период, затоа што тоа е единствениот начин да се придонесе кон напорите на државата за полесно надминување на глобалната економска и енергетска криза, се наведува во соопштението од УЈП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЈП со рекордна наплата на даноци и…

Во првите шест месеци од 2026 година…

УЈП ја почнува третата фаза од проектот…

Почнува третата фаза од проектот за е-фактура…

УЈП: Над 860 илјади граѓани добија годишни…

Во законскиот рок - 30 април 2026…

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025…

Управата за јавни приходи потсетува дека на…

УЈП: Над 70.000 ќе мора да платат…

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека…