Славчо Попоски најавува пролетни температури наредната недела
– Претежно облачното време и понатаму продолжува во Македонија. Повремено ќе има појава и на сончеви периоди а денес и тоа особено во западните предели ќе има појава на повремени локални врнежи од дожд. Снег ќе провејува само на највисоките планински места. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот денес, како и во следните денови повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат натпросечно високи, како утринските така и дневните и максималните дневни температури особено во текот на новата седмица која што ни следува ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет а температурата ќе се искачува до околу 12 степени.
Натпросечно високите температури на воздухот кој ќе ги имаме наутро и преку ден се резултат на јужното воздушно струење кое е, и ќе биде присутно во Македонија во следниот период – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски во својата прогноза за Екран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ЌЕ ДОНЕСАТ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ: Андоновски очекува…
Привлекување приватни инвестиции во дата-центри и изградба…
Петровска: Две години зборувавме внатре во СДСМ,…
Актуелната пратеничка на СДСМ и поранешна министерка…
Вајц: И во Австрија има големи случаи…
Сите земји-членки на ЕУ се борат со…
Утре без струја и вода во повеќе…
Поради планирани технички зафати, утре, 25 септември,…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…