Русите доживеаа катастрофа: Украинците со дрон им уништија два нуклеарни бомбардери?!
Две експлозии извршени од Украина погодија два воени аеродроми во земјата, наводно се уништени два руски нуклеарни бомбардери и предизвикувајќи тројца загинати и шест повредени, објавија медиумите во понеделникот. Според проценките, експлозиите биле предизвикани од цистерни натоварени со бензин.
Еден од бомбардираните аеродроми содржел центар за обука за воени авиони и тенкови. На вториот аеродром два нуклеарни бомбардери Ту-95 беа погодени од дрон. Покрај тоа, воените претставници во областа Луганск во источна Украина соопштија дека девет лица загинале откако украинската армија го гранатирала градот Алчевск.
Две големи експлозии на два аеродрома во централна Русија кои се позиционирани стотици километри источно од борбената зона во Украина се регистрирани утрово, јавува Риа новости.
Првата експлозија се случила во руската воена воздухопловна база во регионот Саратов на околу 600 километри источно од Украина. Аеродромот бил погоден со дрон при што биле оштетени два бомбардери со долг дострел, а повредени биле две лица.
Другата експлозија според руските државни медиуми била на аеродромот надвор од градот Рјазањ југоисточно од Москва при што настрадале три лица, а пет се повредени.
Официјален Киев засега не презема одговорност за нападот. Претходно, украинската војска во неколку наврати ги гранатираше руските бази во областа Белогорт но и оние бази поставени на полуостровот Крим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Квалитетно“ работеле: Ниту еден извршител не останал…
Вкупно 137 претставки од странки против конкретни…
Светот очекува дали и како Иран ќе…
Светот го очекува одговорот на Иран откако…
Бритиш Ервејс ги откажа летовите до Дубаи…
Британскиот авио-гигант „Бритиш Ервејс“ ги суспендира летовите…
Момче од Штип било принудувано да зема…
На 21.06.2025 во 18.10 часот во Штип,…
На Богородица и Табановце од македонска страна…
На граничните премини Богородица и Табановце, од…