Објавено на:

ФИФА покрена постапка против Србија за несоодветно однесување на играчите и дискриминација

t

Против Фудбалската федерација на Србија е покрената постапка поради „несоодветно однесување на играчите и официјалните лица, дискриминација“ и непочитување на „редот и безбедноста“ на натпреварите.

Дисциплинската комисија на ФИФА покрена постапка против Фудбалската федерација на Србија поради инцидентите на натпреварот од третото коло од групата Г на Светското првенство во Катар против репрезентацијата на Швајцарија.

Како што се наведува во соопштението на ФИФА, постапката против Србија е покрената поради „потенцијални прекршувања на членовите 12 (несоодветно однесување на играчите и официјалните лица), 13 (дискриминација) и 16 (ред и безбедност на натпреварите)“.

Швајцарија победи со 3:2, а играта изобилуваше со големи тензии на теренот меѓу играчите на двете селекции. Србија го заврши натпреварувањето на Светското првенство на последното место во групата Г со еден бод.

Ова е втора постапка на ФИФА против Србија.

Претходно, на 26 ноември, ФИФА покрена постапка против Србија затоа што, наводно, во соблекувалната на Србија по мечот со Бразил било истакнато знаме на кое Косово е прикажано како дел од Србија. Потоа, на 5 декември, ФИФА по вторпат за време на Светското првенство покрена дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија поради настаните на натпреварот меѓу Швајцарија и Србија.

„Немам коментар“, е се што изјави селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси во врска со двете дисциплински постапки што Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации ги покрена против Фудбалскиот сојуз на Србија поради инцидентите во Катар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Сакаат да ја скршат Србија затоа…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

За 25 години Србија ќе изгуби 3.000…

Во Србија моментално има 4.720 села, а…

Жена од Србија чува кокошки кои несат…

Весна Козак од Падина одгледува околу 40…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…