Косовска новинарка добива смртни закани поради критики кон Џака за – некултура!

t

Косовската новинарка Зана Авдиу се соочува со смртни закани и „мал милион навреди“ зашто решила да го искритикува Швајцарецот од Арсенал со албанско потекло, Гранит Џака.

Скоро да немаше Албанец кој не ја славеше победата на Швајцарија над Србија (3-2) за пласман на Швајцарците во осминафиналето (денеска играат со Португалија), но мечот го одбележаа и некултурни гестови како од српските, така и од швајцарските играчи, пред сѐ Џака кој се фати за меѓуножјето во конфликтот со цела српска клупа.

Поради тој некултурен и срамен потег, Авдиу реши жестоко да распали по Џака.

„Тој потег на Гранит Џака е срамен! Насилнички чин. Мислам дека немаше некој што не ја сподели таа фотографија. Значи, нулта ниво во некоја наша држава“, рече Зана.

Нејзиниот адвокат Арианит Кочи, објави дека таа освен со милион навреди дури се соочува и со смртни закани.

„Можеби сите не се согласуваме со неа и тоа е нормално, ама вакви закани се недозволиви во цивилизиран свет. Тоа што кон неа се вперува прстот и од јавни личности само ги зголемуваат тие закани“, рече Кочи.

За меѓуножјето во текот на мечот не се фаќаше само Џака, туку и српската ѕвезда Душан Влаховиќ откако го даде голот за водство на Србија во првото полувреме, а мечот го одбележаа и срамни пцовки, па кошкање на Србите со Џака…

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…

(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…

САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…

САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…

Во тек е интервенција на пожарот во…

„Август е проклет месец“: Путин под притисок…

Украина му го отежна животот на Владимир…