Две експлозии, специјалци и сирени во Косово: Вака изгледа таканаречената демократија и владеење на правото на Албин Курти, вели Петковиќ
Членови на изборната комисија придружувани од косовската полиција насилно влегле во зградата на Општина Зубин Поток каде живеат мнозинство Срби и наводно ги искршиле вратите и ги менувале бравите, поради што граѓаните кои се нашле таму се побуниле. Како што пренесува Косово онлајн, се слушнале две експлозии, а членовите на општинската изборна комисија и членовите на косовската полиција излегле од зградата на општината.
Косовската страна уште не излегла со изјави.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, соопшти дека премиерот на Косово, Албин Курти, денеска испратил специјалци во просториите на општина Зубин Поток на северот на Косово и Метохија со цел насилно да се обиде да подготви терен за одржување на неговите незаконски избори и да заземе четири општини.
– Станува збор за најбрутална демонстрација на сила и предизвикување нови тензии и провокации од страна на Приштина, која се обидува да ги спроведе своите незаконски мерки преку насилство и еднострани мерки и да предизвика нова дестабилизација на ситуацијата на теренот – рече Петковиќ.
Тој оцени дека Курти тоа го „темпирал и го режирал“ додека се одржувал самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана, како што и на самитот во Берлин повикал на уривање на Бриселскиот договор и на апсење на Ненад Ѓуриќ.
– Вака изгледа таканаречената демократија и владеење на правото на Албин Курти. Додека тој им забранува на Србите да учествуваат на избори и референдуми, во исто време се обидува да одржи свои избори на северот на покраината со долги цевки, пиштоли и со насилство – изјави Петковиќ, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија.
Тој оцени и дека е очигледна намерата на Курти со насилство и оружје да заземе четири српски општини на северот на Косово и Метохија и во нив да инсталира албански претставници на нелегални и нелегитимни избори.
– Ги повикуваме Србите да останат смирени и да не наседнуваат на провокации чија единствена цел е да предизвикаат конфликти и криза на северот на Косово и Метохија, бидејќи сè што сака нашиот народ е почитување на правата и договорите, правото да останат и да преживеат нивните вековни огништа – рече Петковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитриевски му одговори на Мицкоски: Не очекувам…
Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во своето…
Медиумите во Србија ja прекинaa програмата со…
Во 8 часот и 41 минути медиумите…
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа…
Русија ги засилила нападите во правец кон…
Блинкен: Хамас без одлагање да го прифати…
Хамас претходно соопшти дека го проучува предлогот.…
Нетанјаху: Ниту една одлука во Хаг или…
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека…