Се урна хрватски авион МиГ-21, се трага по пилотите

t

Засега, како што објави Индекс.хр повикувајќи се на свој добро информиран извор, еден пилот бил пронајден откако се катапултирал. Во меѓувреме, трае потрагата по уште еден пилот.

Авион МиГ-21 на хрватското воено воздухопловство се урнал денеска за време на планираниот тренинг во ненаселена шумска област кај градот Слатина во Вировитичко-подравинската жупанија, соопшти Министерството за одбрана на Хрватска, јави Индекс.хр.

Од Министерството додаваат дека авионот се урнал нешто пред 14 часот, а во моментов се преземаат мерки за пронаоѓање и спасување на екипажот.

Засега, како што објави хрватскиот медиум повикувајќи се на свој добро информиран извор, еден пилот бил пронајден откако се катапултирал. Во меѓувреме, трае потрагата по уште еден пилот.

Индекс.хр додава дека министерот за одбрана Марио Баножиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Хрватска, Роберт Храњ, одат на местото на падот на авионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…

Гордана Силјановска ќе ја почитува „Северна“ и…

Не планирам да ги тргам таблите со…

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…