Радев се теши: Бугарија има шанса догодина да влезе во Шенген

t

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Тирана изјави дека неговата држава продолжува со напорите заедно со Романија, до последен момент за влез во Шенген. Радев учествува на средбата на високо ниво ЕУ-Западен Балкан во Албанија.

Во изјавата за бугарските новинари, тој рече дека постојат сите шанси Бугарија да влезе во Шенген следната година. Ова е неговото мислење како резултат на разговорите со двете земји кои сè уште имаат сомнеж за влезот на Бугарија во Шенген – Австрија и Холандија, иако бугарскиот претседател не ги именуваше.

– Продолжувам да разговарам за темата Шенген со двајцата лидери. Продолжуваме да работиме на сите нивоа на дипломатијата, но работата мора да се заврши и во Бугарија. Мојот апел до сите политички партии е да не ја политизираат оваа тема. Нека не се користи за лична пресметка меѓу партиските лидери, повика претседателот на Бугарија.

– Постојат сите шанси следната година Бугарија да се приклучи на Шенген зоната, но тоа во голема мера зависи од нас и од тоа како ќе ја играме оваа игра на полето на дипломатијата – без емоции и особено без емоции во Бугарија, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…