Турција згрме: Ќе преземеме мерки ако Грција продолжи да ги вооружува егејските острови

t

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска повторно се заканил дека Турција ќе преземе мерки против Грција доколку таа земја продолжи да ги вооружува островите во Егејското море, кои треба да останат демилитаризирани во склад со меѓународните договори.

Зборувајќи на заедничка прес-конференција со романскиот колега, Чавушоглу рекол дека продолжувањето на кршењето на договорите ќе ја принуди Турција да ги брани своите права.

Чавушоглу нагласил дека Грција треба да престане да ги крши меѓународните договори за демилитаризација на егејските острови или, во спротивно, Турција ќе мора да преземе мерки по тоа прашање.

Турција ќе продолжи да презема неопходни чекори во рамките на меѓународните организации, посебно ОН, рекол Чавушоглу.

Турските службеници инсистираат на тоа дека распоредувањето на војниците или оружјето на грчките острови во близина на турскиот брег е кршење на демилитаризираниот статус на тие острови според меѓународното право.

Атина, меѓутоа, наведува дека ги брани островите од потенцијален напад од Турција која има значајна воена сила на западниот турски брег веднаш спроти островите, пренесува „AP“.

Во тек се воени вежби на Грција на егејските острови Родос и Лезбос.

Турција и Грција, членки на НАТО, имаат повеќедецениски спорови во врска со низа прашања, вклучувајќи ги територијалните претензии во Егејското море и спорови поврзани со тамошниот воздушен простор, а тие спорови три пати ги довеле на раб на војна во последните 50-тина година, потсетува американската агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција остварила 16,5% повеќе приходи од туризам

Грција остварила над 16 отсто повеќе приходи…

Уапсени 40 припадници на Исламска држава во…

Повеќе од 40 лица се приведени во…

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…

Реки по улиците: Хаос и поплави во…

Турскиот главен град Анкара синоќа беше погоден…

Официјално: ТУРЦИЈА ОДОБРИ ЕКСТРАДИЦИЈА НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ!

Турција официјално ја одобри екстрадицијата на првоосомничениот…