Агелер: Американците вложија милиони во македонското правосудство, заслужуваме поврат на инвестицијата
Амбасадорката на САД во земјава Агела Агелер вечерва истакна дека Македонија има голем проблем со корупцијата и дека Американците вложиле милиони во македонското правосудство и очекуваат поврат на инвестицијата.
Амбасадорката наггласи дека корупцијате не е само поткуп. Корупцијата, како што наведе, се јавува во толку многу форми.
– Како што патувам низ земјава и зборувам со обични луѓе, тие зборуваат за корупција секогаш кога треба да посетат лекар, секогаш кога работат, секогаш кога нивното дете треба да се запише во некое училиште. Искрено, корупцијата доведе до она што јас мислам дека е вистинска катастрофа за оваа земја и што толку голем број млади луѓе не сакат да останат, рече Агелер.
Таа зборувајќи за поддршката која САД ја има дадено за македонското правосудство рече дека, после се што е направено податокот за довербата во правосудството е разочарувачки.
– Мислам дека е длабоко разочарувачки. Дури и во ова време кое што сум тука, а денес се навршува еден месец, видов работи кои се збунувачки, проблематични и како што кажав на Твитер тоа е огромно разочарување. Зборуваме за декади од инвестиции. Говориме за милиони и милиони долари платени од даночните обврзници на САД да инвестираат во судството во оваа земја. Ние, но уште повеќе луѓето на оваа земја заслужуваат да видат поврат на таа инвестиција, потенцираше Агелер осврнувавајќи се на целата помош што САД ја има дадено во изминатиот период за напредок во правосудниот секотор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…