Објавено на:

Португалија ја згази Швајцарија со 6:1

t

Фудбалската репрезентација на Португалија е последниот патник во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, откако убедливо славеше во мечот со Швајцарија со 6-1 (2-0). Неверојатна ноќ на „Лусаил Иконик“ доживеа Гонсало Рамос, кој дебитираше во составот на „Селесао“ и постигна хет-трик, а беше и асистент при голот на Гереро водејќи го тимот до победата. 

Иако тргна без Кристијано Роналдо, тоа не беше проблем за португалскиот состав. Резултатот беше отворен по 17 минути игра, откако младиот Рамос одлично се снајде во шеснаесетникот и со одличен удар во поблискиот горен агол го матира Јан Зомер за 1-0. Швајцарците немаа решение за негативата, па следеше втор погодок во нивната мрежа. Дефанзивецот Пепе стана највозрасниот стрелец во историјата на Мундијалите, откако по корнер на Бруно погоди со глава за 2-0 во 33. минута. 

До крајот на полувремето имаше обиди преку Едмилсон Фернандеес, како и Гонсало Рамос на двете страни, меѓутоа мрежите мируваа. Бргу по стартот на вториот дел напаѓачот на Бенфика го постигна вториот свој гол. По само шест минути игра Далот го проигра, а Рамос стрела за 3-0 и исчекор кон четвртфиналето. Рамос стана и асистент, откако го проигра Рафаел Гереро кој бргу стрела за убедливи четири гола предност. Почесен погодок за Швајцарците даде еден од најдобрите во тимот, стоперот Мануел Аканжи по една мешаница во шеснаесетникот во 58. минута за 4-1. 

Сепак, тоа не ги вознемири Португалците кои ја продолжија својата голеада. Гонсало Рамос го комплетира својот хет-трик во 67. минута по асистенција на Феликс, по што следеше серија замени. Во игра влезе и првата ѕвезда Кристијано Роналдо, а во самиот финиш по само пет минути на теренот погоди и Рафаел Леао. Крилото на Милан одигра двојно проигрување со Гереро, па мајсторски откосо стрела во спротивниот агол за конечните 6-1. 

Португалците одиграа блескав натпревар и закажаа четвртфинале против Мароканците.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Португалец 17 години бил држен како роб

Португалец бил држен како роб 17 години…

(Видео) Апасиев: Ни нудат концепт на либанизација…

“Етнотрибализмот ни го сервираат како европска вредност.…

Швајцарија замрзна руски имот вреден 5,8 милијарди…

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од…

Португалска компанија пронајде 10 милијарди барели нафта…

Португалската нафтена компанија Галп Енергија во неделата…

Швајцарскиот парламент одби да се приклучи на…

Долниот дом на швајцарскиот парламент денеска го…