Добро утро со Инфомакс: Додека го вардиме јазикот, ќе ја имаме и татковината – 29 години од смртта на Блаже Конески
На денешен ден, 7 декември, во 1993 почина великанот на македонската поезија, проза, еден од кодификаторите на македонскиот јазик, великанот на македонизмот воопшто, Блаже Конески.
Конески е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Филолошкиот факултет во Скопје го носи неговото име, исто како и многу основни и средни училишта низ Македонија.
Во продолжение, неколку цитати од великанот:
„Убавите жени, несреќните жени, тие брзо прецутувале, како цут од кајсија, како мајски јоргован“ – Извадок од Убавите Жени од Блаже Конески
„Какви порази сме морале да издржиме, какви срамови, какви поруги. Боже, умот дури ми се свртува!“ – Извадок Преживување од Блаже Конески
„Не иди, зашто жалосна би била, и колку да те копнеам – се ледам“
„Два конца парај од срцето драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави траги, другиот копнеж и светол и стрвен“
„Смирноста е мудра, страсноста е глупа. Ќе седнам во паркот на некоја клупа“– Извадок од Починка од Блаже Конекси
„Јазикот е нашата татковина“
„Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Се‘ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште “