Па нели го фатија?! – Нови дојави за бомби во скопски средни училишта
Тоа што полицијата поднесе пријава за дел од дојавите за бомби во училиштата како да не ги обесхрабри останатите, па денес повторно дел од скопските средни училишта пристигнале дојави за поставени бомби.
Денеска (07.12.2022) околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштија од МВР.
Дел од учениците ги напуштаат училиштата, друг дел веќе се заминати, и во тек се антитерористички проверки. На терен пристигнуваат екипи на полицијата за проверка.
Изминатиов период имаше повеќе пријави за поставени бомби во средните училишта во Скопје. Потоа пријавите се проширија, па имаше дојави за поставена бомба и во основно училиште во Крива Паланка, иако вакви закани во изминатиот период беа вообичаени исклучиво само за главниот град.
Сите дојави за бомби беа лажни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…