Турција: Финска и Шведска да ги исполнат ветувањата ако сакаат во НАТО
Турција инсистира на тоа дека кандидатите за членство во НАТО, Шведска и Финска мора да ги исполнат своите ветувања за справување со осомничените терористи, првенствено поддржувачи на курдските милиции, пред Анкара да ги разгледа нивните кандидатури за членство, рече турскиот министер за одбрана.
„Постојат обврски потпишани од Шведска и Финска… Тие мора да се исполнат“, изјави Хулуси Акар, пренесува Anadolu Agency.
„Откако тоа ќе биде направено, турскиот парламент ќе донесе одлука. Се обидуваме да им помогнеме и на Шведска и на Финска“, додаде тој.
Акар треба да се сретне со својот фински колега, Анти Кајконен, кога ќе ја посети Анкара подоцна оваа недела.
Хелсинки и Стокхолм поднесоа барање за членство во НАТО во мај, тврдејќи дека потегот е поттикнат од воената операција на Русија против Украина. Турција рече дека нема да ги прифати нивните барања освен ако не ја решат загриженоста за наводното присуство на терористи на нејзина територија.
Турските власти мислеа на противниците на нивната влада кои најдоа засолниште во нордиските земји, пред се поддржувачи на курдските милиции. Анкара тврди дека европските земји им дозволуваат на овие лица да обезбедуваат финансиска поддршка на групите поврзани со Курдистанската работничка партија, или ПКК, движење кое води повеќедецениска герилска војна против Турција.
Трите земји потпишаа меморандум во кој Шведска и Финска ветија дека ќе ги преиспитаат нивните антитерористички политики и турските барања за екстрадиција на осомничените терористи.
„Внимателно ја следиме ситуацијата во Шведска и Финска. За жал, сè уште гледаме некои провокативни акции и слики во овие земји. Очекуваме Шведска и Финска да преземат конкретни чекори“, изјави турскиот министер Акар за новинарите.
Осудениот терорист Махмут Тат беше затворен во Турција минатата недела откако беше екстрадиран од Шведска. Во 2015 година турскиот суд го осуди на шест години и десет месеци за вмешаност во ПКК, објавија турските медиуми.
Во ноември шведските пратеници одобрија амандман на уставот кој ќе ги заостри законите поврзани со тероризмот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…
Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…
Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…
Голем пожар избувна во живинарска фарма во…