Украина: Руските сили во моментов имаат доволно проектили за уште два или три масовни напади

t

Михајло Подољак за Гардијан изјави дека руските сили во моментов имаат доволно проектили за уште два или три масовни напади врз украинската цивилна инфраструктура. Русија се обиде да го обнови својот арсенал со купување ирански ракети. Секретарот на рускиот совет за безбедност Николај Патрушев во ноември го посети Техеран и се обиде да договори продажба, но, како што тврди Подољак, тоа не се оствари.

„Иран се најде под огромен дипломатски притисок, а протестите во земјата го зголемија притисокот. Владата почнува да ја губи контролата врз ситуацијата во општеството, а нивните домашни проблеми растат. Затоа, тие немаат време да се занимаваат со Русија. Тоа не е нивен приоритет“, рече Подољак.

Тој додаде дека верува оти преговорите за ракетите меѓу Москва и Техеран се уште се во тек, но дека ниту еден досега не бил доставен до Русија. Тој изјави дека украинските сили станале умешни во одбраната од руски ракетни напади и дека собориле 60 од 70-те проектили истрелани вчера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Огнот во прилепско Чаниште проголта над 15…

Тажна е денеска глетката во селото Чаниште,…

Мопсот Џини Лу е најгрдото куче на…

Во Калифорнија на 14 август се одржа…

Аеродром ги расчистува паркинзите: Пратете слика и…

Почна нова акција за отстранување на хаварисаните…

Иран контра Трамп: Отворањето на Ормускиот Tеснец…

Иран нема повторно да го отвори Ормускиот…

Трамп: Нема преговори со Иран, Ормускиот Теснец…

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека во…