Инфлацијата во ноември 19,5 проценти

t

Трошоците на живот во ноември се зголемени за 19,5 проценти во споредба со истиот месец лани, а цените на мало за 15,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во однос на октомври, кај трошоците на живот се бележи зголемување од 0,5 проценти, а кај цените на мало за 0,2 проценти.

Пораст на трошоците на животот во споредба со октомври има кај жестоките пијалаци за 4 проценти, виното за 3,4 проценти, месото за 2,6 проценти, рибата и морските плодови за 2,2 проценти, млекото, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,9 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,8 проценти, сирењето и урдата, кафето, чајот, какаото за 0,8 проценти, јајцата за 0,7 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6 проценти, пивото за 0,3 проценти и лебот и житата за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 8,9 проценти и кај маслото и маснотиите за 5 проценти.

Денеска со информација за минималната потрошувачка кошничка излезе и Сојузот на синдикати на Македонија. Според нивната пресметка, во ноември за минималните трошоци на едно четиричлено семејство биле потребни 51.714 денари од кои за храна минимум 19.518 денари, а за режиски трошоци 12.983 денари што е повеќе од половина од синдикалната минимална кошничка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…

Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…

КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…