Тежок судир вечерва го затвори автопатот Скопје – Тетово

t

Сообраќајот на автопатот Скопје -Тетово се пренасочува по локален пат вечерва поради сообраќајка со повредени лица која се случила после 18 часот. Две возила се судриле во близина на Требошки натпатник, а при тоа се повредени четири лица.

Околу 18 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Требошки надвозник, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 20-годишниот Ќ.Р. од тетовско Седларево и „фолксфаген голф“ со кичевски ознаки што го управувал 64-годишниот А.Р. од Кичево. Во несреќата, четири лица (сопатници) од „голфот“ задобиле телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид врши екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат за тетовско Желино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Преподобниот маченик Дометиј

Роден е во Персија како незнабожец, во…

Пеколни горештини со температури до 40 степени…

Сончево и многу топло со мала до…

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…