Спијате мирно, Шолц смирува: Намален ризикот Путин да употреби нуклеарно оружје

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ризикот рускиот претседател Владимир Путин да користи нуклеарно оружје во моментов е намален поради одговорот на меѓународната заедница.

Шолц за денешното издание на „Функе“ изјави дека војната во Украина продолжува „со несмалена бруталност“, но и дека едно нешто се сменило.

„Русија престана да се заканува дека ќе користи нуклеарно оружје, бидејќи меѓународната заедница постави црвена линија“, рече Шолц, пренесе Ројтерс.

Германскиот лидер исто така смета дека, и покрај големите поделби, важно е да се продолжи дијалогот со Кремљ и дека е неопходно да се разговара со Русија за контрола на вооружувањето во Европа, но дека Москва мора прво да ги запре борбените операции во Украина.

„Пред сè, Русија мора да ја прекине војната и да ги повлече своите трупи. Точно е дека после тоа ќе следи прашањето како да се обезбеди безбедност во Европа. Се разбира, ние сме подготвени да разговараме со Русија за контрола на оружјето во Европа. Тоа веќе го понудивме пред војната и ништо не се промени во тој поглед. Правиме се за да спречиме директна војна меѓу Русија и НАТО, бидејќи знаеме дека таков конфликт би имал само губитници во целиот свет“, додаде Шолц, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…