Министерството за труд и социјална политика со скоро 50% заштеда на струја

t

Министерството за труд и социјална политика во октомври 2022 година, со примена на мерките за заштеда на електрична енергија, евидентира помала потрошувачка од 47.4% во споредба со потрошувачката на електрична енергија истиот месец претходната година.

Податоците покажуваат дека во текот на октомври 2022 година се потрошени 6.776 kWh електрична енергија што е за 47.4% помалку споредено со истиот месец минатата година.

Министерството за труд и социјална политика и вработените во оваа институција продолжуваат со примената на воведените мерки и во наредниот период, коишто овозможуваат рационално користење на ресурсите, а притоа непречено одвивање на целокупниот работен процес.

Мерките што ги презема Министерството за труд и социјална политика се дел од пакетот што го усвои Владата за да се намали потрошувачката на електрична енергија во државните и јавните институции, со цел сигурност и безбедност во снабдувањето со електрична енергија во текот на зимата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жељазков: Евтината енергија е услов за подобар…

Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков присуствуваше на…

Ако јас излезам на улица, нема враќање…

Според лидерот на ДУИ, ќе протестираат за…

Левица: Љутков ги повикал сметководителите надвор од…

По денешниот протест на вработените во културните…

СДСМ: Заледен автопат, неспособноста на ДПМНЕ е…

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ со справување со последиците…

Калајџиев: Кој им дава право на политичарите…

Ако влијанијата на политиката врз судството се…