(Фото) Не сакаме да учествуваме во заедничка прослава со Бугарија! Левица положи свежо цвеќе пред споменикот на Свети Климент надвор од владиниот протокол
Левица денеска оддаде почит пред споменикот на Свети Климент Охридски, објавија од партијата на Фејсбук каде споделија и неколку фотографии од настанот.
– По повод чествувањето на Св. Климент Охридски, како еден од најсветлите празници на македонскиот народ, делегација на Левица, предводена од членот на Президиумот, Реџеп Исмаил – Хактан, денеска положи цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски на истоимената Национална и универзитетска библиотека во Скопје.
Делото на Св. Климент Охридски претставува огромна цивилизациска придобивка на македонскиот народ. Покрај ова, Св. Климент е еден од најистакнатите ученици на солунските браќа, Св. Кирил и Методиј, а воедно е и основоположник на македонската просветителска и духовна дејност. Свети Климент Охридски е и првиот македонски архиепископ и основач на Охридската книжевна школа, попозната како „Прв словенски универзитет“, што го прави најзначајен македонски средновековен писател и педагог.
Поради фактот што владиниот протокол по повод овој наш голем празник беше организиран како еден вид заедничко чествување со бугарска делегација, и на тој начин легитимирајќи ги и дополнително поттикнувајќи ги велико-бугарските аспирации и намери во тоа континуирано да го узурпираат македонскиот простор и отворено да ја негираат македонска историја, потеклото на јазикот, писменоста, културата и македонизмот во целина, делегацијата на Левица чествувањето го направи надвор од протоколот.
Класното ослободување од прангите на капитализмот не е можно без национална слобода. Честит и вековит денот! – напишаа од Левица на Фејсбук.




ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Дел од пазарот во Драчево е…
Локалниот огранок на Левица од Кисела Вода…
Левица: Јаболкарите се повторно изманипулирани!
И покрај бројните ветувања од надлежните институции,…
Владата ја продава иднината под превезот на…
Најавата од министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска,…
Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…
Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…
Марко Колев го остави Велес без еколошка…
Марко Колев го остави Велес без еколошка…