Лавров: Бев во тоалет во Шведска, само да знаете колку е нехумано!

t

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров најде нов аргумент против Западот, во – тоалет во Шведска.

Наведувајќи негативни примери од Западот на панелот на кој учествувал, Лавров го сподели своето искуство со тоалетите во Шведска.

Како што раскажа, многу трауматично искуство му се случило на самитот на ОЕЦД минатата година, кога сфатил дека тоалетите се унисекс.

„Она што го видов во Шведска кога бев на самитот на ОЕЦД минатата година… Простете ми за деталите, таму на пауза прашав каде е тоалетот. Ми покажаа врата со знакот „ТОАЛЕТ“ на неа. Прашав: „Дали е ова за жени или мажи?“ Ми рекоа: „Ние имаме сè заедничко“. Не верував, но навистина беше така. Не можете да верувате колку беше нехумано. Едноставно не е човечко“, згрозено изјави Лавров.

По оваа изјава на твитер следеа илјадници коментари и мемиња од Лавров. „Тоалетот е нехуман , а убиството на цивили во Украина е хумано? “ , се дел од коментарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…