Нема мир: Нови дојави за бомби во средни училишта во Скопје и Ист Гејт Мол!

t

Утрово има дојави за поставени експлозивни нaправи во неколку средни училишта во Скопје, информираа за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму посочуваат дека утрово во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на неколку средни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Полицијата е на терен и ги проверува просториите во училиштата Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“, „Орце Николов“ и СУГС „Владо Тасевски”.

Ова е втора дојава за бомби во училишта и институции во Скопје оваа недела. Во вторникот закани по меил добија девет средни училишта и Народна банка, за кои по полициската проверка беше утрдено дека биле лажни.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна изјави дека серијата дојави до скопските училишта и институции во изминатиот период се класичен пример за хибридни закани и оти се води истрага.

Како што дознава Инфомакс, дојава за бомба има и во Ист Гејт Мол каде во моментов се врши евакуација на вработените и посетителите!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…

По повод големиот јубилеј, 100 години од…

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…

(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…

Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…