Роналдо константно прави хаос во репрезентацијата: Кој е овој човек?
Португалија е во четвртфиналето од Светското првенство во Катар, но репрезентацијата секојдневно ја потресуваат нови скандали, поврзани со Кристијано Роналдо.
Најновиот е поради тоа што довчерашниот играч на Манчестер Јунајтед е единствен кој има свој пријател во кампот на националниот тим. Станува збор за персоналниот тренер на Роналдо, Рики Регуфе кој постојано е со репрезентацијата.
„Неколку фудбалери воопшто не ја сфаќаат причината поради која тој е со нив. Рики е постојано со тимот, дури и во деновите кога има натпревари. Она што дополнително ги иритира останатите е што на ниеден друг играч не му е дозволено да има гостин за време на Мундијалот“, пишува Дејли меил, повикувајќи се на извори од португалската репрезентација.
Регуфе и Роналдо се блиски од деновите кога Португалецот играше за Реал и оттогаш е негов гостин на вечери, забави, скапоцени летувања и на церемонии на доделување награди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курти ги покани претседателите на ДПК, ДСК…
Претседателот на Движењето Самоопределување (ПС) и вршител…
Мицкоски за 25-годишнината од Рамковниот договор: Иднината…
По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот…
Николоски: Охридскиот договор покажа дека научивме да…
Денес се навршуваат 25 години од потпишувањето…
Мицкоски на годишнината од Рамковниот договор: Иднината…
„Свесни сме дека Рамковниот договор различно се…
Гори на 9 локации низ Македонија, 2…
На ден 13.08.2026 година, до 13:00 часот,…