Денес се празнува Светиот маченик Јаков Персиец
Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговите надареност и способност и го направи прв благородник на својот дворец. Поласкан од царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа прекорно писмо во коешто го оплакуваа како богоотпадник и душевен мртовец, молејќи го, сепак, при крајот на писмото, да се покае и да Му се врати на Христа. Трогнат од ова писмо Јаков горко се покаја и одважно ја исповедаше пред царот својата вера во Господ Христос. Разгневен, царот го осуди на смрт, но со тоа што деловите на телото да му ги сечат еден по еден сè додека не издивне. Џелатите буквално ја исполнија оваа заповед на нечестивиот цар и му ги отсекоа на Јаков најпрво прстите на рацете, па прстите на нозете, па нозете, па рацете, рамената и најпосле главата.
При секое сечење маченикот Му оддаваше благодарност на Бога. Од неговите рани излегуваше благоухан мирис како од кипарис. Така овој прекрасен маж го покаја својот грев и се престави со душата пред својот Бог Христос, во Царството небесно. Пострада околу 400 година. Главата му се наоѓа во Рим, а дел од моштите во Португалија, каде што се празнува на 22 мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што…
Владата има добиено доверба од граѓаните за…
Зеленски најави нова кампања против руските рафинерии…
Војната меѓу Русија и Украина може да…
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Признанија за 13 најдобри просветни работници –…
На тринаесет најдобри наставници од предучилишното, основното…
Мицкоски: Фон Дер Лајен, како никогаш досега,…
Опозицијата и медиуми блиски до неа не…