(Видео) Јакимовски: Ако во оваа помош од Вашингтон за борба против корупцијата нема политичка позадина, е за поздравување, ако има…

t

Ако во оваа помош од Вашингтон за борба против корупцијата нема политичка позадина, е за поздравување, рече лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во Само вистина на Канал 5.

Ако има политичка позадина за да се елиминираат одредени луѓе што имаат јавни функции, не го поддржувам тоа.

Второ поразени сме како општество.

Формиравме ли Специјално обвинителство ?

Беше ли Специјалното обвинителство нивни продукт ?

Со сите овластувања што ги добија, како заврши Специјалното обвинителство ?

Тоа е наш ама и нивни срам.

Имавме ли потпретседатели на Влада задолжени за корупција ?

Е сега и после сето тоа, ние доаѓаме во ситуација

да треба некој од надвор, не задоволен од тоа како се гони корупцијата и така натаму.

Јас, искрен да бидам, не можам да кажам дека треба да зборуваме за корупција само во владини институции, јавни претпријатија, локална самоуправа.

Треба да разговараме за криминалот во целата држава.

А јас мислам дека оној вон-институционалниот криминал во моментов цвета во државата.

Има такви моќници, кои создадоа огромен капитал, со огромни влијанија кои што се надвор од било кои текови на истраги.

Некако ние сами фокусот си го фрламе врз нас, јас врз Павле, Павле врз мене, а додека тие царуваат во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…

„Њујорк тајмс“ за студентското движење во Србија:…

Студентското движење во Србија успеа да го…

Јанаки: Домашно воспитување луѓе, отидовме јабана!

СЕ Е ДО ДОМАШНОТО ВОСПИТУВАЊЕ!!!! Не случајно…

САД ги предупредија своите државјани и туристи…

Амбасадата на САД во Софија, денеска издаде…