Објавено на:

Франција ја победи Англија во четвртфиналето, Кејн промаши пенал

t

Репрезентацијата на Франција вечерва ја совлада Англија со 2:1 во последниот натпревар од четвртфиналната фаза на Светското првенство во Катар.

Во првото полувреме, Французите го отворија резултатот по прецизен удар од далечина на играчот од средниот ред Орелиен Чуамени.

Во вториот дел Англичаните добија право на удар од белата точка, кој го реализираше напаѓачот Хари Кејн. За него овој гол беше 53-ти во кариерата во репрезентацијата, а се израмни со Вејн Руни во листата на најдобри стрелци во историјата на Англија.

Победата на Французите ја донесе најдобриот стрелец во историјата на францускат а репрезентација – Оливие Жиру.

На оваа средба Антоан Гризман направи две асистенции и стигна до рекордни 28 во историјата на „триколорите“.

Британците имаа шанса да го однесат мечот во продолженија, кога главниот судија на средбата по интервенција од ВАР собата досуди втор пенал против Французите. Кејн повторно го изведе пеналот, но овој пат ја промаши целта, испраќајќи ја топката преку голот.

Францускиот тим се пласираше во полуфиналето каде на 14 декември ќе игра со селекцијата на Мароко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…