Објавено на:

Дешамп: Победивме многу добар англиски тим, сега се насочуваме кон Мароко

t

Фудбалскиот колектив на Франција се пласираше во полуфиналето на Мундијалот и ќе се бори со Мароко за нова битка за трофејот. Светскиот првак беше подобар од Англија со 1-2 во четвртфиналната фаза, па по голема битка извојува победа.

По завршувањето на натпреварот, своето мислење го изнесе Дидие Дешамп. Селекторот на Франција е задоволен од прикажаното, а го најави и полуфиналето.

„Прекрасно е чувството по една ваква победа. Вечерашниот беше одличен натпревар, победивме многу добар англиски тим. Но, уште еднаш одговоривме на предизвикот. Одлично е за сите играчи што стигнаа повторно до полуфиналето.

Имаме менталитет, состојба на умот и тоа се покажува на теренот. Со срце и храброст однапред го славиме овој успех. Ќе го подготвиме дуелот против Мароко многу сериозно. Овој тим го заслужува тоа. Тие се сè, само не изненадување“, кажа Дешамп

Французите имаат одмор до среда, за кога е закажано второто полуфинале во кое ќе се судрат со Мароканците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…