Сега видовте како ни е? Бугарскиот МВР за Шенген: ЕУ не е способна да ги применува сопствените правила
ЕУ изгледа си удри шамар. Европа се понижи и покажа дека не е способна да ги применува сопствените правила, изјави вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев.
– Холандија не може да очекува од нас извештај за механизам кој беше напуштен во 2019. Не можеме да им ја исполниме желбата, правото на ЕУ не ни дозволува да го исполниме ова, изјави Демерџиев за Нова ТВ. Она што се пишуваше од август, дека многу се работи, го потврди и директорот на Фронтекс. Дијалогот мора да се одржи, тоа нема да се прави со протестни ноти, туку со убедување на овие земји дека успешно ќе си ја завршиме работата, поканив тимови од овие земји да ја видат нашата граница, рече министерот. Австрија изрази желба, а Холандија се уште има резервиран став. На Австрија и треба прозорец до март, бидејќи и двете земји имаат свои проблеми, објасни тој.
На прашањето дали е поканет да учествува во кабинетот на ГЕРБ-СДС, Демерџиев одговори: „Не сум добил покана од Николај Габровски да учествувам во нивниот кабинет. Имаше покани за нашите единици, но колку што знам не беа прифатени“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…