Вучиќ за Ројтерс: Бараме начин да се ослободат Србите и да ги смириме тензиите
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа во интервју за британската агенција Ројтерс изјави дека Србија бара ослободување на сите уапсени Срби и начини за смирување на тензиите на северот на Косово, пренесува РТВ.
Вучиќ, во интервјуто што го даде по седницата на Советот за национална безбедност, повтори дека Србите во Косово не смеат да учествуваат во насилството врз припадниците на силите на КФОР и ЕУЛЕКС.
Никој, под никакви околности, не треба да учествува во нападите врз Еулекс и Кфор“, рече Вучиќ.
На прашањето дали Белград ќе се обиде да најде начин да ја деескалира ситуацијата на северот на Косово, тој кратко одговори „апсолутно“.
Агенцијата наведува дека Вучиќ ги обвини приштинските власти и премиерот Албин Курти дека поттикнуваат тензии со „безброј еднострани потези“.
Секогаш кога некој мислел дека сме решиле нешто, се појавувал друг проблем“, истакна Вучиќ.
Претседателот на Србија побара ослободување на неодамна уапсените Срби на северот на Косово бидејќи, како што нагласи, „тие се држат под измислени обвиненија и дека косовската полиција се повлече од северот на Косово, во согласност со Бриселскиот договор. “
„Косовската полиција нема што да прави на север… Особено луѓе вооружени до заби. Тоа предизвикува непријатност и страв кај српското население“, рече Вучиќ.
Британската агенција тврди дека Вучиќ одбил да прецизира кои чекори ги усвоил Советот за национална безбедност на седницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…