Модата како бренд(6.) Гучи: ексклузивен бренд

t

Гучи е еден од најпознатите модни брендови во светот.

Ова е приказна за фирентинскиот моден гигант Гучи. А тоа е гламур со две “Г“
Секој бренд треба да биде чувствителен во однос на променливите трендови, но кога сте моден бренд, вие сте уште повеќе ранливи. Основана од Гучио Гучи во 1920 год., Гучи на почетокот беше мала продавница на предмети од кожа. Гучио Гучи бил млад и љубопитен Италијанец. Работел во Лондон и бил воодушевен од англиската елеганција и софистицираност. Одлучил овие карактеристики да ги спои со италијанското мајсторство за рачни изработки, и така го создал Гучи совршенството.

Низ децениите се прошири во луксузен бренд со поширок опсег, а во шеесеттите стана омилен кај џет -сетот во подем. Посебно торбите на Гучи со рачка од бамбус станаа задолжителен моден додаток. Гучио Гучи во младоста многу патувал во Париз и Лондон каде се запознал со космополитската култура и префинетата естетика. Првата продавница Гучи ја отворил во Фиренца во 1921 година и многу бргу изградил репутација на бизнисмен кој има квалитетна стока. Меѓутоа, во осумдесеттите Гучи изгледаше стар и изморен. Исто така, италијанското семејство зад куќата Гучи страдаше од внатрешна борба за превласт и се замеша во скандал, па дури и во обвинение за убиство.

Иако ова резултираше со многу негативни критики во медиумите, вистинскиот проблем во однос на брендирањето беше што компанијата премногу се диверзифицираше. До 1990 год. брендот кој некогаш беше ексклузивен, сега имаше лиценца за повеќе од 22 000 производи. Името Гучи беше толку распространето што имаше мало значење.

Во 1990 год. тексашкиот дизајнер Том Форд ѝ се придружи на компанијата како дизајнер на женска облека. Четири години подоцна Доменико де Соле стана директор на оператива на Групата Гучи. Овие две назначувања беа одговорни за оживувањето на брендот во текот на деведесеттите. Форд успеа целосно да го предефинира имиџот на Гучи, дизајнирајќи посекси облеки со разголен стомак, кои се носеа со ултра високи потпетици и трансформирајќи ги темните и застарени продавници на Гучи во светли и просторни модернистички средини декорирани со хром. Тој промовира спортски шик парчиња изработени од кожа, метални детали, тесни здолништа на преклоп, чевли со остри врвови и високи потпетици, припиени цени свилени фустани и кожни мини-здолништа.

Во меѓувреме Де Соле повторно ја воспоставуваше ексклузивноста на Гучи, ограничувајќи ја дистрибуцијата до продавниците на Гучи и до многу внимателно одбрани високомодерни стоковни куќи. Заедно, Форд и ДеСоле го фокусираа брендот на неговите основни кожни производи и на името Гучи му дадоа предност преку провокативни, сексуално набиени рекламни кампањи. Доменико де Соле е најзаслужен што сите вработени во Гучи добија јасна претстава за мисијата на брендот. Тој воспостави постојани и директни комуникации во компанијата. Беше присутен буквално насекаде, така што стана сеприсутен. Изгради свое присуство преку кое на сите во Гучи им ја покажуваше својата посветеност. Успехот не изостана. Одри Хепберн, Елизабет Тејлор, Џеки Кенеди-Оназис, Грејс Кели се само дел од славните имиња на светскиот џет-сет, кои меѓу првите ја дале својата доверба на овој бренд.

Денес, благодарејќи на обновената ексклузивност и на фокусот, вредноста на брендот Гучи се вивна во милијардите. А Групата Гучи се издигна за да стане една од најголемите луксузни компании во светот. Покрај Де Соле, најзаслужни за тоа се Allesandra Fachinetti и Frida Giannini John Pas, сопственици и менаџери кои го одржуваат угледот на компанијата.

Која е тајната на овој бренд? Тоа е постојана преобразба, верност на корените и идентитетот(минатата година Гучи славеше 100 години постоење). Давање значај на секое парче. Од чантите и мокасините во педесетите, преку извонредната деценија на Том Форд, до боемскиот geek-chic стил на Алесандро Микеле – креатор со прогресивен ум. Тој сите модни естетски елементи од минатото ги трансформира во делови од слики, парчиња од чаршави, завеси, лавови и змии, амајлии, змејови и самовили, воини и замоци. Се тоа од срцето на Тоскана до нјпрестижните модни настани во светот во вид на магична бајка на модните писти..

Гучи. Бренд што ви дава секси чувство. Никој друг не го може тоа подобро. Gucci is the Best.
Кои се тајните на успехот на Гучи? – Ограничена дистрибуција, предноста и фокус.
Ограничена дистрибуцџија. Како Ролекс и Харли Дејвидсон, Гучи ја ограничи својата дистрибуција, за да ја зголеми својата вредност.

Предност. Гучи повторно ја стекна модната предност, така што ги преуреди своите продавници, дизајнираше посекси и похрабра гламурозна облека и создаде провокативни рекламни кампањи.
Фокус. Претходниот асортиман на добра на Гучи, кој сè повеќе се прошируваше беше рационализиран, за да му даде на брендот нов фокус.

Факти за брендот:

Факт бр.1: Гучи е еден од светските водечки снабдувачи на лични луксузни добра.

Факт бр.2: Во 2003 год. Гучи имаше приход од 1,5 милијарди евра.

Факт бр. 3: Компанијата ги произведува и снабдува сите производи во Италија.

Факт бр.4: Гучи е модна традиција на гламур 101 година.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…