(Видео) Андонов: Факт е дека Србија го изгуби Косово и поголем конфликт нема да има, нема да си дозволат повторно да бидат бомбардирани!
Професорот Оливер Андонов смета дека поголем конфликт на Косово нема да има, туку се ќе се случи во рамки на локални конфликти, не и ескалација во рамки на Балканот.
пНа Косово се единици на НАТО, таму има и макеедонски единици. Спомна Александар дали има наши луѓе таму, да има, во состав на единиците се. Нема да се случи тоа што се случуваше 99-та година бидејќи НАТО е таму.
Сите тензии се на северот на Косово поради балканските политикантит на кои им одговара постојано да има некои тензии, а им одговара и на некои геоплотички сили.
Да Русија е преокупирана со Украина, имаат проблеми со логистика и мотивација на армијата. Дали тоа што се случува е можеби резултат на одвраќање на вниманието, односно создавање немир на Блаканот?
Не испуштаат големите играчи можности да искористат невралгични точки на Балканот. Курти имаше интересни испади во однос на преговорите со Србија, за табличките, на баналните точки се фаќаше. Докрај не знаеме во Дејтон што се случи…
Не знаеме ни Вучиќ со што се’ се судира во Србија, не знаеме кој пред него што потпишал.
Сметам дека не постои опасност, тоа ќе бидат локални тензии на релација Србија-Косово и толку, вели Андонов.
Србија го изгуби Косово, изгуби многу благодарение на погрешната политика, невклучување во новите современи процеси, потенцираше Андонов кој објасни дека Србија нема да си дозволи повторно да биде бомбардирана и на било каков начин да реагира во Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…