(Видео) Опозицијата е генератор на корупција, а власта е приматот, таму партал прават: ВМРО-ДПМНЕ се врати назад во комунизмот!
Ова СДС и ова ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да одиме во ЕУ, сакаме да останеме сива зона за да можат да прават криминали, вели во денешната епизода на Тешки муабети професорот Оливер Андонов.
Коментиравме како Фон дер Лајен му се обратила на Ковачевски, зошто не така на Мицкоски? Затоа што не му веруваат, затоа што нема направено нешто конкретно за да покаже дека е за ЕУ.
Има сериозен проблем во опозицијата.Што работат сега? Бараме зелени обврзници, можат и свемирски да ги наречат, обврзници се обврзници, 4% камата, враќање од пари на граѓаните, ќе се зголемат ли даноците после?
Ќе граделе градинки, како во време на ВМРО-ДПМНЕ за такви објекти се земаше со 0,6% камата?
Може да кажеме дека ни се случува да опозицијата биде фатена во коруптивни скандали. Што значи тоа? Зборуваме за делчевски ниви, фабрики за марихуана, хидроцентрали? За што зборуваме? Испаѓа дека опозицијата е генератор на корупција, а власта е приматот, таму партал прават. Затоа САД велат доста е, во вакви општества, корумпирани, криминални, без ред и закон, има влијание на хибридни закани, објаснува Андонов.
Тој додава дека неговата фракција има намера да ја демократизира ВМРО-ДПМНЕ и да се разреши со криминалот и корупцијата внатре во партијата.
Има криминал на земање средства од партијата, тоа никој не го знае. На последниот ЦК на кој е поднесен финансиски извештај на партијата, траел 40 минути. Зарем Централен комитет за 40 минути може да разгледа извештаи? Никој од 140 и кусур членови не прашал што и како правиме ние?
За каква демократија зборуваме кога состанок за тој фамозен референдум за договорот со Бугарија трае 20 минути во Велес на кој се јавува еден човек покрај Мицкоски да говори и сите го гледаат со “ај сега ти ќе кажеш”. Дотаму дојде ВМРО-ДПМНЕ, симболот на демократија, партија која не’ извлече од комунизмот за да се врати назад таму, додава Андонов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…