Петковиќ: Немаме план за Меси, се подготвуваме против целиот аргентински тим
Второ Светско првенство по ред Аргентина и Хрватска ќе се сретнат на завршен турнир, овојпат во натпревар со огромен влог – место во финалето. Стрелецот на голот против Бразил, Бруно Петковиќ го најави овој дуел како специфичен и историски.
Фудбалерот на Динамо Загреб откри дека уште не подготвиле тактика против најдобриот аргентински фудбалер – Лионел Меси.
„Немаме план да го запреме Лионел поединечно. Аргентина има многу квалитетни играчи. Игравме против тимови кои имаат големи асови, но не се концентрираме само на еден играч“, изјави Петковиќ.
Петковиќ го коментираше и изненадувачкиот пласман на Мароко во полуфиналето, откако на стартот на групниот сегмент Хрватите играа против Мароканците и ремизираа без голови (0-0)
„Имаше потценување на нашето реми со нив на стартот на Мундијалот, но тие покажаа за каков квалитетен тим се и постигнаа одлични резултати“, заврши Петковиќ.
Мароко и Хрватска се единствените непоразени селекции во досегашниот тек на Светското првенство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…