Членките на ЕУ се согласија на Босна да и дадат статус на кандидат за членство

t

Министрите за општи работи на Европската унија денеска се согласија дека Босна треба да стане формален кандидат за пристап во 27-члената ЕУ во препорака што ќе треба да ја поддржат лидерите на ЕУ в четврток. Босна ќе им се придружи на другите кандидати за ЕУ – Албанија, Молдавија, Република Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Турција и Украина – во процесот за пристапување во ЕУ што може да потрае многу години и вклучува сложени преговори за прилагодување на локалните закони за да одговараат оние на ЕУ. Турција, на пример, е кандидат за ЕУ од 1999 година.

Курти: Косово неделава ќе аплицира за влез во ЕУ

„Тоа беше дел од заклучоците за проширувањето кои беа договорени утринава“, рече еден дипломат на ЕУ, додавајќи: „И со јасен услов дека реформите утврдени од Комисијата и 14-те клучни реформи договорени во 2019 година треба да се исполнат пред да започнат преговорите. Тоа е политички сигнал во светло на актуелната геополитичка ситуација“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…

(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…

САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…

САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…

Во тек е интервенција на пожарот во…

„Август е проклет месец“: Путин под притисок…

Украина му го отежна животот на Владимир…