(Видео) Скопје конечно влегува во 21 век: Реконструирана улицата “Тодор Александров”

t

Завршена првата фаза за реконструкција на улицата ул. Тодор Александров која води кон Водно, каде едновремено се реконструираше и системот за одводнување, информираше Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Градот Скопје заврши со првата фаза на улицата ул. Тодор Александров која води кон Водно. Ова улица беше во исклучително лоша состојба и како една од најфреквентните улици за жителите кои се движат кон врвот на Водно, барањето за нејзина реконструкција е истакната како децениски проблем за сите кои редовно транзитираат по оваа сообраќајница. Воедно барање за реконструкција истакнаа и голем број велосипедисти со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот при движење по коловозот. Реконструкцијата на улицата Тодор Александров во две фази, опфаќа површина од 18.580 м2 и должина од 2820 метри, а воедно целосно се реконструира системот за одводнување, вклучително и нивелирање на шахти и сливници.

 Овој проект за реконструкција на улицата Тодор Александров го изведува Јавното претпријатие Улици и патишта, а едновремено Јавното претпријатие Паркови и зеленила отпочна акција за зазеленување со нови садници, реконструкција на видиковци и еко урбана опрема на потегот кон Средно Водно, напиша Арсовска на Фејсбук.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1.670 евра до над 2.150 евра…

Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…